Јапонецот Рјоју Кобајаши е третиот ски-скокач во историјата кој на новогодишната турнеја „Четири скокалници“ остварил победи на натпреварувањата на сите четири скокалници. До овој успех, јапонскиот скокач дојде откако по тримфите во Гармиш, Оберздорф и Инсбрук, Кобајаши го освои првото место и во Бишофсхофен.
Кобајаши победи со скокови од 135 и 137,5 метри, втор беше Давид Кубацки од Полска со 138 и 130 метри, додека третото место му припадна на домашниот натпреварувач, Австриецот Стефан Крафт со скокови од 134 и 131,5 метри.
Ryoyu #Kobayashi after #Innsbruck victory is one win away from becoming the third man to complete the #4Hills Grand Slam. Till now the “#Hachimantai Concorde” won 7 times in 10 races with 9 podiums. Next stop? Sunday at #Bischofshofen Japanese excellence @ryo_koba8118 #小林陵侑 pic.twitter.com/PMpwHAj8o3
— Massimiliano Ambesi (@max_ambesi) January 4, 2019
За Кобајаши, кој на Јапонија и го донесе вториот трофеј од престижната новогодишна турнеја, ова беше осма победа сезоната во Светскиот куп и петта во серија.
Пред него само Свен Ханавалд и Камил Стох ја освоиле турнејата со победи на сите четири скокланици.
Во Светскиот куп Кобајаши е лидер со 956 бода, Пјотр Жила има 529, а Стох 504.
Comments are closed for this post.