Голгетерот на Ливерпул нависина има причина да биде среќен. Покрај одличната сезона и пласманот во финалето на Лигата на шампионите негова најголема радост е ќерката која се вика Мака.

Таа има пет години и е темпераментно дете кое нема да биде изненадување ако го наследи на теренот. Мака на полувреме на меч на Ливерпул на Енфилд покажа што знае, го претрча целиот терен и ја смести топката во мрежата. Не за џабе се вели крвта не е вода.