Некогашниот хрватски тенисер Горан Иванишевиќ застана во одбрана на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по изјавата на контроверзниот Ник Киргиос дека „Новак има потреба сите да го сакаат“ и му порача на Австралијанецот дека би било подобро да го промени однесувањето.
Киргиос повеќе пати го критикуваше Ѓоковиќ, за работи на и надвор од теренот, но направи и низа испади, што на Иванишевиќ не му се допаднаа.
Ништо лошо Новак не направил. Ник треба да води сметка за себе, бидејќи досега можеше да биде помеѓу петте најдобри тенисери, а можеше да освои и Грен слем. Со таквиот став тоа никогаш нема да го постигне. За него е подобро да се промени, изјави Иванишевиќ за бртиранскиот Телеграф.
Иванишевиќ во очи на Вимболдон избран е во стручниот штаб на асот и му помага во советите.
Comments are closed for this post.