Тренерот на Интер, Антонио Конте, по нерешените 1-1 со Славија во 1. коло од Лигата на шампионите, ја презеде одговорноста за неуспехот. Според него, тимот не играл ист фудбал како што сака да го види.
Не сакам да издвојувам индивидуални играчи, сите ние дејствувавме под нашето ниво, вклучувајќи ме и мене. Главната одговорност е врз мене, затоа што не можев да им објаснам на играчите како треба да дејствуваат на теренот. Користевме исклучително долги додавања, а не вид на фудбал што сакам да го видам, истакнал Конте.
Comments are closed for this post.