Во Челзи и понатаму има тензична атмосфера, иако веќе поминаа неколку дена од поразот од Манчестер Сити со 0:6 во Премиер лигата, а тимот запиша и победа од 2: 1 во првиот меч од шеснаесетфиналето од ЛЕ против Малме.

Според извештаите на британските медиуми, играчите силно се противат на Маурицио Сари и неговите методи на работа.

„Сините” не ги разбираат целосно барањата на нивниот менаџер. И проблемот не доаѓа од комуникацијата, туку од манијата на Италијанецот за тактичката строгост. Играчите се преоптоварени со информации и не успеваат да ги применат сите концепти на теренот. Ова влијае на нивните перформанси.

Педро Родригез призна дека не може секогаш да ги разбере барањата на Сари за него.

Поранешниот фудбалер на Барселона објави дека не секогаш барањата се совпаѓаат со неговиот начин на игра.

Според Педро, таков проблем постои меѓу многу играчи и Маурицио Сари