Еден од најдобрите напаѓачи на сите времиња, познатиот шведски фудбалер Златан Ибрахимовиќ, ужива во својата играчка пензија.

Иако ја заврши својата брилијантна кариера пред две години, популарноста на харизматичниот ас не опаѓа. Тој има повеќе од 63 милиони следбеници на Инстаграм, а неговите објави продолжуваат да привлекуваат невидено внимание.

Последната ги воодушеви фановите, особено оние од нашите краишта.

Имено, Златан сподели видео на кое прави скара додека во позадина грми познатиот хит на Лепа Брена „Луда за тобом“