Екипата на Хјустон рокетс го совлада актуелниот шампион во НБА лигата, Голден Стејт вориорс со 107-86, со што се реваншира за минатогодишниот пораз во финалето на Западната конеренција. Истовремено, со оваа победа, за нив трета во серија, „ракетите“ дојдоа до 50 отстотен учинок.
Џејмс Харден беше најефикасен кај Хјустон со 27 поени, а поентерска поддршка имаше од Џејмс Енис со 19 поени и Ерик Гордон со 17 поени.
Од друга страна, на овој натпревар „воините“, кои играат без повредениот Стеф Кари, постигнаа најмалку поени сезонава. Особено лошо функционираше нивниот шут за три поени, па така првата тројка ја погоди дебитантот Џејкоб Еванс на три минути и 40 секунди до крајот на втората четвртина, што за него беше прва тројка во кариерата.
Кевин Дурант беше најефикасен кај Голден Стејт со 20 поени, но тоа беше премалку, особено што рејмонд Грин одигра очајна средба со 0 поени и пет загубени топки.
Резултати од синоќешните натпревари:
Хјустон – Голден Стејт 107-86
Денвер – Атланта 138-93
ЛА Клиперс – Сан Антонио 116-111
Comments are closed for this post.