Капитенот на Англија, Хари Кејн денеска треба да биде потврден како најскапо засилување во историјата на Бундеслигата и да стане нов фудбалер на минхенски Баерн, јавија германските и англиските медиуми.
Според најавите, германскиот шампион ќе му плати на лондонскиот премиерлигаш обесштетување од 100 милиони евра, како и дополнителни 20 милиони евра во бонуси.
Англискиот репрезентативец ќе стави потпис на четиригодишен договор со Баерн и треба да заработува 25 милиони евра по сезона.
Кејн во дресот на Тотенхем одигра 435 натпревари на кои постигна 280 голови
Comments are closed for this post.