Луис Хамилтон ќе стартува од челната позиција на утрешната трка на патеката во Сочи. Британецот со денешното возење е решен на утрешната трка да влезе во историјата на Формула 1 и да се израмни со Михаел Шумахер по бројот на победи. Шумахер има 91 победа, а на Хамилтон му недостасува само уште една победа.
На патеката во Сочи Хамилтон постави рекордно време од 1:31:304 минута и тоа беше доволно да стигне до осмата пол-позиција сезонава, а вкупно 96-та во кариерата. Веднаш до најбрзиот ќе биде Макс Верстапен од Ред Бул кој заостана 0,563 секунди, додека трет е Валтери Ботас.
Возачите на Ферари повторно имаа разочарувачки квалификации. Себастијан Фетел излета во втората третина од квалификациите, а Шарлс Леклер за неколку илјадитинки не успеа да се пласита во третата третина од квалификациите и ќе стартува од 11 место.
Comments are closed for this post.