Премиерлигашот Ливерпул покажува интерес за напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Холанд, објави „Sky Sport Deutschland“.
Според германскиот медиум, „Црвените од Енфилд“ се обидуваат да го добијат центарфорот во текот на летниот преоден рок. Дваесет и едногодишниот Норвежанец е еден од водечките кандидати за офанзивниот ред во тимот на Јирген Клоп.
Се истакнува дека евентуалниот трансфер на напаѓачот може да стане аргумент за Ливерпул во преговорите за нов договор со напаѓачот Мохамед Салах.
Едно од барањата на 29-годишниот Египќанец е сериозно засилување на составот. Салах побара и зголемување на платата.
Оваа сезона, Холанд одигра 16 натпревари за Борусија Дортмунд, постигна 19 гола и оствари четири асистенции
Comments are closed for this post.