Италијанските пулмолози дошле до заклучок дека клучен ден за нагло ширење на корона вирусот во регионот на Бергамо бил 19 февруари.На тој датум локалниот тим Аталанта играше со Валенсија во осмина финалето од Лигата на шампионите.
Мечот е играше во Милано поради тоа што стадионот во Бергамо не ги исполнува условите. Тој ден десетина илјади фанови на Аталанта од Бергамо и околината организирано со возови и автобуси заминале за Милано. И тогаш се случила т.н темпирана бомба на трибините кога вирусот најмногу се раширил.
Згора на тоа, еуфоријата беше голема бидејќи Аталанта победи со 4-1 па сигурно имало многу бакнување и гушкање меѓу навивачите.
Овој меч е извор на ширање на вирусот. Концентрацијата на десетина илјади луѓе од ист регион на едно место е важен фактор за ширење на заразата-објаснува Масимо Галип од оделението за инфектоогија во болница во Милано.
Comments are closed for this post.