Дефанзивецот Матијас де Лихт ќе се пресели од Ајакс во Јувентус во понеделник на 15 јули, објави „Фудбал Италија“.

Според медиумот бјанко-нерите за овој трансфер на клубот Амстердам ќе му платат меѓу 70 и 75 милиони евра.

Деветнаесетгодишниот Холанѓанец во клубот од Торино ќе добива годишна плата во висина од околу 12 милиони евра.

Минатата сезона, Де Лихт одигра 55 натпревари за Ајакс, постигна седум гола и забележа четири  асистенции. Тој со својот тим го освои холандското првенство, националниот куп и стигна до полуфиналето на Лигата на шампионите