Хамиду Диало од Оклахома Сити е победник на „Ол-Стар” викендот – натпреварот во забивање, што синоќа се одржа во Шарлот. Во натпреварот се вклучија и Мајлс Бриџес од Шарлот, Денис Смит од Њујорк, како и Џон Колинс од Атланта.
Диало доби поддршка и од клубскиот колега, Расел Вестбрук при едно од забивањата, а исто така покажа танцувачки вештини по одличните забивања.
Денис Смит започна лошо и не успеа во првите четири обиди, но во петтиот се справи совршено и имаше одлично забивање. За својата изведба, тој доби 45 поени.
Диало сепак го имаше забивањето на вечерта, откако го прескокна Шекил О`Нил и заби со пола рака во кошот, за што тој доби и максимална оценка од 50 поени.
Comments are closed for this post.