Новак Ѓоковиќ допатува во Јапонија каде ќе ја продолжи тениската сезона после опоравувањето од повредата. Српскиот тенисер ќе настапи на турнир во Токио, каде ќе се обиде да го крене трофејот по прв пат во кариерата.

Ѓоковиќ не се појавуваше на тениските терени се до оваа седмица, по предавањето на натпреварот со Стен Вавринка во осмина иналето од УС Опен заради неиздржливите болки во рамето.

Од почетокот на оваа недела тренираше во Белград, а во петокот допатува во Токио на турнир кој почнува во понеделник 30 септември.

„Ракутен Јапан Опен“ се наоѓа во АТП серијата 500, а покрај Новак главна атракција ќе биде и Хрватот, Борна Чориќ и Марин Чилиќ, Белгиецот Давид Гофан и Канаѓанецот Денис Шаповалов.

 

View this post on Instagram

 

Kon’nichiwa ✌🏼🎾🎾🎾

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole) on