По состанокот во Париз, распоредот на 21-та трка за следната сезона од Светскиот шампионат во Формула 1 останува непроменет. Сезоната ќе започне во Австралија на 17-ти март и ќе заврши со Гран-при Абу Даби на 1 декември.
НОВИ ПРАВИЛА
Со новиот календар, федерацијата одобри низа промени во правилата на Ф1 за 2019 година. По одобрувањето на Стратегиската група Ф1 и Ф1 Комисијата, новите правила вклучуваат:
– Нова позиција за ретровизори и задно крило за да им помогне со видливоста наназад.
– Вградените камери, исто така, ќе бидат променети за да се добие нов агол на гледање околу главата на возачот
– Задните странични светла ќе бидат додадени на задното крило
– На возачите ќе им биде дозволено да претекнуваат само по „сејфти кар“ период кога ќе ја преминат стратно-целната рамнина. Претходно им било дозволено да го сторат тоа на откако ќе замине „сејфти кар“.
– Тимовите сега ќе бидат одговорни за почетна проверка на своите автомобили и мора да гарантираат дека нивните автомобили се во согласност со сите прашања поврзани со безбедноста
– Тркачкото знаме ќе се користи на крајот од трката заедно со традиционалното знамe.
Comments are closed for this post.