Гран при на Унгарија ќе се одржи без гледачи освен ако не биде откажана. Натпреварувањето во Унгарија се одржува од 31 јули до 2 август.
Сепак, поради пандемијата од коронавирус, раководството во Формула 1 работи на измени во календарот за сезоната 2020 година.
Гран-при на Австралија, Монако и Франција веќе се откажани и фазите во Бахреин, Виетнам, Канада, Кина, Холандија, Шпанија, Азербејџан и Канада се одложени на неодредено време.
Главниот извршен директор во Формула 1, Чеис Кери, рече дека плановите се да се одржат 15 до 18 трки, а почетокот е закажан за 3- 5 јули во Австрија
Comments are closed for this post.