Светското фудбалско првенство кое идната година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико ќе биде прво во историјата со рекорден број од 48 учесници, а, досега, пласман на мундијалскиот турнир обезбедија десет земји.

Покрај домаќините САД, Канада и Мексико, виза за Светското првенство обезбедија и бранителот на титулата Аргентина, Јапонија, Јужна Кореја, Иран, Нов Зеланд, Узбекистан и Јордан.

АРГЕНТИНА

Број на настапи на Светско првенство – 18

Најдобар пласман – светски шампион (1978, 1986, 2022)

САД

Број на настапи на Светско првенство – 11

Најдобар пласман 3-то место (1930)

МЕКСИКО

Број на настапи на Светско првенство – 17

Најдобар пласман – четвртфинале (1970, 1986)

КАНАДА

Број на настапи на Светско првенство – 2

Најдобар пласман – група (1986, 2022)

ЈАПОНИЈА

Број на настапи на Светско првенство – 7

најдобар пласман – осминафинале (2002, 2010, 2018, 2022)

НОВ ЗЕЛАНД

Број на настапи на Светско првенство – 2

Најдобар пласман – група (1982, 2010)

ИРАН

Број на настапи на Светско првенство – 6

Најдобар пласман – група (1978, 1998, 2006, 2014, 2018, 2022)

УЗБЕКИСТАН

Број на настапи на Светско првенство – 0

ЈУЖНА КОРЕЈА

Број на настапи на Светско првенство – 11

Најдобар пласман – 4-то место (2002)

ЈОРДАН

Број на настапи на Светско првенство – 0. ег