Предводена од суперѕвездата Јанис Адетокунбо, репрезентацијата на Грција синоќа ја победи Чешка со 94:88 и обезбеди пласман во четвртфиналето на Европското кошаркарско првенство чија завршница се игра во Берлин.

Куриозитет на шампионатот е идентичниот резултат поставен на другите три осминафинални средби одиграни во текот на вчерашниот ден:
Полска – Украина 94:86
Финска – Хрватска 94:86
Италија – Србија 94:86.

Четвртфиналните натпревари ќе се играат утре и в среда. Двојките се
Шпанија – Финска (13 септември 17:15 часот)
Германија – Грција (13 септември 20:30 часот)
Франција – Италија (14 септември 17:15 часот)
Словенија – Полска (14 септември (20:30 часот)