Македонскиот фудбалски репрезентативец Езѓијан Алиоски го постигна својот прв гол во турската Суперлига за тимот на Фенербахче.

Алиоски кој на синоќешниот натпревар со Адана во игра влезе во 80. минута, се запиша во листата на стрелците по само три минути поминати на теренот.

Фенербахче водеше со 3:0, гостите намалија на 3:2, а популарнито „Џани“ ја запечати победата на тимот од Истанбул.

По овој триумф, Фенербахче е лидер на табелата со 7 бодови, колку што имаат и Башакшехир, Бешкташ и Газиантеп