Иако беа практично во изгубена ситуација, кошаркарите на Голден Стејт го пружија најдоброто од себе и покажаа зошто се се уште актуелни шампиони во најсилната кошаркарска лига на светот.

Со заостанување од 3-1 во победи и од шест поени на само две ипол минути до крајот на петтиот дуел што се играше во Торонто, Стеф Кари и Клеј Томсон, постигнаа девет поени по ред, сите со удари за три поени, со што „воините“ го презедоа водството и г о отворија патот кон победата. Шутерското шоу на Кари и Томсон го надополни Дрејмонд Грин, кој во последните секунди го изблокира шутот за победа на плејмејкерот на Торонто со што го зачува резултатот 106-105 за конечен триумф.

На тој начин, Кари, Томспон и Грин надоместија за новата повреда на Кевин Дурант. Во овој натпревар, тој го имаше своето прво појавување во финалната серија поради повредата на левиот скочен зглоб, но на почетокот од втората четвртина ја повреди ахиловата тетива на истиот зглоб, по што ја напушти играта.