Двајца од најпопуларните кошаркари што доаѓаат од балканските простори, Лука Дончиќ и Никола Јокиќ, ги предводат кошаркарите што ќе настапат во натпреварот во кошаркарски вештини на Ал-Стар викендот што ќе се одржи во Њу Орлеанс на 16 и 17 февруари.
Во овој натпревар, Словенецот Дончиќ и Србинот Јокиќ, ќе имаат уште еден балкански ривал во Црногорецот Никола Вучевиќ, кој ќе биде дел од натпреварот заедно со Мајк Конли, Џејсон Тејтум, Де’Арон Фокс, Кајл Кузма и Тре Јанг.
Браќата Кари против шампионот Букер
Главна атракција во натпреварот во шутирање тројки ќе бидат браќата Стеф и Сет Кари, коишто ќе се обидат да му ја одземат титулата на минатогодишниот шампион, Девин Букер од Феникс санс. Покрај овие тројца, за трофејот за најдобар шутер ќе се борат и Дирк Новицки, Џо Харис, Бади Хилд, Кемба Вокер, Дејмиан Лилард, Дени Грин и Крис Мидлтон.
Четворка забивачи
Натпреварот во забивање ќе биде настанот со најмал број учесници, само четири. За титулата во во оваа атрактивната категорија ќе се натпреваруваат Мајлс Бриџис, Џон Колинс, Хамиду Диало и Денис Смит џуниор.
Comments are closed for this post.