Состојбата во КК. Работнички одамна не е сјајна, славните денови се минато, но сепак има луѓе кои влеваат надеж за подобри времиња и не дозволуваат клубот да биде ставен во заборав. Документарниот серијал “КК. Работнички – брендот под кошевите” под извршна продуцентска палка на Саша Каталиниќ ќе ја претставува Македонија и нашиот најголем кошаркарски бренд на престојните интернационални филмски фестивали во регионот.

По емитувањето и успехот на документарниот спортски серијал “КК. Работнички – брендот под кошевите” во македонскиот телевизиски простор, филмот успешно ја помина проекцијата пред еминентните членови на ИСФФИ и ќе биде учесник на фестивалот за спортски документарни филмови во Словенија и Србија.

Веруваме дека во краток рок и КК. Работнички ќе се врати на старите патеки и по примерот на работниот тим предводен од Каталиниќ повторно ќе  не радува со нови трофеи и успеси на интернационално ниво.