Повозрасните љубители на спортот сигурно се сеќаваат на Светското првенство во кошарка кое се одржа во Аргнетина во 1990 година. Тогаш Југославија за последен пат стана светски првак а главен играч беше Владе Дивац. По завршувањето на мечот и славјето на теренот истрача еден навивач и го развиори хрватското знаме. Дивац тоа го забележа и му го зеде знамето и го фрли на подот.
Тоа е разгневи хрватската јавност и едно време му беше и забранет влез во Хрватска а тоа значеше и крај на пријателстовото со Дражен Петровиќ.
Весникот „Курир“ октрива дека човекот кој го развирил знамето на Хрватска е Томас Шакиќ, чии татко вршел злосторства во логорот Јасеновац кој деновиве е актуелен по филмот „Дара од Јасеновац.
Динко и Нада Шакиќ, родителите на Томас по војната пребегале во Аргентина и никогаш не се вратиле во родната земја од страв дека ќе бидат прогонувани.
Comments are closed for this post.