Фудбалерите на Динамо Загреб загубија од екипата на Балкани во натпреварот од 2.коло на Конференциската лига.
Со головите на Крезиу во 44 и Хамиди во 83 минута, Балкани оствари историски триумф.
Тренерот на загрепскиот клуб Сергеј Јакировиќ по натпреварот истакна дека ова му е најтешкиот пораз во кариерата и дека не знае дали ќе остане тренер на Динамо.
– И честитам на Балкани за апсолутно заслужената победа. Го направија тоа што јас сакав да го направиме. Пробавме нешто со промените, но не успеа. Им се извинувам на сите навивачи на Динамо кои не го заслужуваат ова. Јас ја сносам одговорноста за ова, но и играчите треба да се запрашаат што прават затоа што клуб како Динамо не го заслужува ова – изјави стратегот на Динамо.
Тој истакна дека утрото е попаметно од вечерта.
– Не знам дали ова е последен натпревар за мене. Чувствувам дека и јас сум одговорен за ова. Најлошо е кога ќе кажеш дека некој те удира, но кога ќе излезеш на терен, тогаш треба да се запрашаш зошто тоа се случува. Ова е најтешкиот пораз за мене. Ова нема врска со врска, ова е брак. Ова за мене е незамисливо – изјави разочаран Јакировиќ
Comments are closed for this post.