Манлестер јунајтед планира да му даде отказ на Жозе Мурињо и на негово место да го постави Зинедин Зидан. Сепак, управата на клубот му наредила на Зидан да одбива понуди, доколку сака навистина да биде предводник на клубот од премиер лигата, тврди британски „Дејли мирор“.

Одлуката за смена на Мурињо, како што пишува „Дејли мирор“, веќе е донесена. Во прашање се месеци, а можеби и недели до крајот на неговата кариера во клубот. Слабите резултати на Манчестер јунајтед во Премиер лигата и во Лигата на шампионите се причина за се погласните шпекулации за смена на португалскиот стратег.