Тренерот и 12-те момчиња од Тајланд, кои беа извлечени од пештерата во јули, учествуваа на Олимпијадата за млади во Аргентина и одиграа пријателски натпревар против престижниот аргентински младински клуб Ривер Плата.
Како што пренесува АП, тоа за момчиња кои сакаат да станат професионални фудбалери, е “исполнување на сонот”.
#WildBoars from Thailand out to enjoy #YouthOlympics opening ceremony. the boys are in town! pic.twitter.com/v1TkPlE6xz
— Karolos Grohmann (@karolosgrohmann) October 6, 2018
Младинските олимписки игри започнаа во Аргентина на 6 октомври и ќе траат до 18 октомври, со учество на околу 4.000 спортисти на возраст од 15 до 18 години.
Момчињата и нивниот тренер станаа познати на јавноста, откако беа заробени во пештерата во Тајланд на 23 јуни. Тие беа пронајдени од страна на британски нуркачи и извлечени во спасувачка мисија која траеше дваесетина дена.
Comments are closed for this post.