Еден од најголемите проблеми на Манчестер Јунајтед во текот на сезоната 2018/2019 беше фактот дека на многу играчи им истекуваа договори.
Еден од најважните кој сè уште официјално не објавил обновување на неговиот договор со „црвените ѓаволи“ е лидерот Давид Де Хеа.
Денес, сепак, легендата на „Олд Трафорд“, Питер Шмајхел сподели дека Јунајтед и Де Хеа веќе го обновиле договорот на играчот.
Поранешниот голман додаде и дека околу шпанскиот голман ќе се гради нов тим.
– Давид беше вистинскиот знак дека добро започнуваме откако тој беше нашиот најдобар играч во последните пет години. Ние го врзавме цврсто и сега почнуваме да градиме околу него, рече Шмихел.
Јунајтед го собори рекордот за најскапиот дефанзивец ова лето, откако плати 80 милиони фунти за Хари Мегваер
Comments are closed for this post.