Давид Бабунски од денеска е нов член на екипата на Ботошани од истоимениот романски град. Двете страни се обврза на соработка во наредните 18 месеци.
Македонскиот интернационалец со ова прави кам-бек во европскиот фудбал по трите години што ги мина во Јапонија, во екипите на Јокохама Маринос (2017/18) и во Омија Адрија (2018-20).
Бабунски потекнува од познатата академија на Барселона, „Ла Масија“, стигна до Б тимот на Каталонците по што направи трансфер во Црвена звезда, а од таму се упати кон Далечниот исток.
За македонската „А“ репрезентација одигра девет меча додека со У21 тимот настапи на Европското првенство во Полска во 2017 година
Comments are closed for this post.