Екипите на Црвена ѕвезда од Белград и Будуќност од Подгорица ќе играат за трофејот во АБА Суперкупот.
„Црвено-белите“ синоќа во полуфиналето во Лакташи (Република Српска) беа поуспешни од хрватскиот претставник Цедевита и победија со 79:68.
Во другото полуфинале, актуелниот АБА шампион Будуќност по продолжение го совлада белградски Партизан со 90:87.
Финалето кое всушност е реприза на минатогодишниот Суперкуп ќе се игра вечер од 21 часот.
Comments are closed for this post.