Уште една недела до почетокот на светското првенство во пинг-понг на кое ќе учествуваат 620 натпреварувачи и натпреварувачки во унгарската престолнина Будимпешта.
Во натпреварите во сингл-мажи учесниците се 312 од вкупно 113 земји. Дозволен максимален број пет натпреварувачи (тројца со право, плус по еден од првите 20 и 100 на светската ранг листа) имаат седум држави – Бразил, Кина, Германија, Јапонија, Кореја, Шведска и кинески Тајпеј, а домаќините се со шест натпреварувачи.
Шампионот на Македонија, Кристијан Станојковски и Петар Костовски се нашите претставници во машкиот дел на првенството.
Кај дамите, во сингл ќе се натпреваруваат 248 од 86 држави. Македонија е претставена од Ива Димитриевска и Ана Стојановска. Повторно седум држави имаат право на максимален број на учесници, и во женскиот дел – Кинески Тајпеј, Сингапур, Романија, Кореја, Јапонија, Хонг Конг и Кина, како и Унгарија со шест учеснички.
237 парови од 98 земји ќе играат во машки парови, додека кај дамиите ќе има 102 парови од 75 земји. 147 од 78 земји се во мешани двојки.
Нашите претставници пред почетокот на светското првенство се на подготовки во Зрењанин, предводени од тренерот Владимир Закиќ.
Comments are closed for this post.