Во фудбалската Лига на шампиони вечерва се одиграа два натпревара од четвртфиналната фаза по кои со убава предност се стекна Челзи, откако со 2:0 го совлада францускиот претставник Лил.
На „Стемфорд бриџ“ стрелци на головите за „сините“ од Лондон беа Каи Хаверц во 8. и Кристијан Пулишиќ во 63. минута.
Вториот вечерашен натпревар во елитното фудбалско натпреварување заврши без победник. Во Виљареал, истоимениот домашен тим и Јувентус одиграа 1:1.
Гостите од Италија први дојдоа во водство уште во првата минута преку Душан Влаховиќ. Изедначи Дани Парехо во 66. минута.
Реваншите се закажани за 16 март.
Comments are closed for this post.