Еден од најголемите атлетичари на сите времиња Усеин Болт призна дека не е добро физички подготвен. По завршувањето на кариерата заработи повреда на Ахиловата тетива, која му пукна и со тоа се бореше извесен период.

Сега вежбам главно во теретана, ама не сум љубител. Морам повторно да почнам да трчам бидејќи сега некогаш кога се качувам по скали останувам без воздух, затоа мора да се вратам во нормала, изјави Болт за „Гардијан“.

Болт во својата кариера освои осум олимписки златни медали, како и 11 титули светски првак. На Олимписките Игри во Пекинг на 100 метри истрча 9.58 секунди што сè уште актуелен светски рекорд