Поранешниот холандски репрезентативец Фернандо Риксен имаше потресно обраќање до јавноста во коe тој објавува дека му се ближи крајот на животот. Тој се бори со тешко невролошко заболување наречено „ALS“. Тоа е еден вид склероза од која виталните функции полека му откажуваат.
Тој секој момент очекува да умре, но вели дека не е уплашен и дека не сака да го сожалуваат затоа што му е тешко кога зависи од други.
Тој во својата кариера настапуваше за Фортуна, Аз, Ренџерс и Зенит. Како што вели, од спортист кој имал два тренинга дневно и издржувал големи напори, сега тежи едвај 40 килограми „со се кревет“.
With a heavy heart I post this lets make this a special night for Fernando pic.twitter.com/C8octfW8NU
— Ricksen my friend/pauline (@broxi63) June 9, 2019
Фернандо вели дека според проценките на лекарите требало да умре уште пред три години, но и дека медицината погрешила со неговиот случај.
Тој имаше обраќање до некогашните соиграчи и предвидува дека 28 јуни ќе му биде последен ден од животот.
-Во последно време се чуствувам уморно дури и после спиење. Кога ќе се разбудам имам голема главоболка. Луѓето кои се грижат за мене добро ја обавуваат својата работа-вели фудбалерот.
Comments are closed for this post.