Бранителот на трофејот во Бундеслигата, Баерн Минхен, одигра само 1:1 вечерва на гостувањето кај Нирнберг и пропушти можност да се „одлепи” позначајно на врвот на табелата од второпласираната Борусија Дортмунд.
„Баварците” иако важеа за големи фаворити против претпоследниот тим на табелата, може да бидат задоволни со бодот, бидејќи домаќините не реализираа пенал во финишот.
Од друга страна, за Нирнберг, пропуштената шанса за победа може да се покаже и како клучна во обидот да избегнат испаѓање.
На другиот неделен дуел од 31.коло Волфсбург го победи Хофенхајм со 4:1.
Во пресрет на последните три кола Баерн е лидер со 71 бод, Борусија Дортмунд има 69, Лајпциг 64, Ајнтрахт 54, Борусија Менхенгладбах 51
Comments are closed for this post.