Македонската фудбалска репрезентација на утрешниот евроквалификациски дуел во Скопје против европскиот првак Италија ќе ја предводи на теренот Енис Барди, кој ја презема капитенската лента по неодамнешното повлекување од националниот тим на Стефан Ристовски.
-Ова за мене е голема чест, како и мотив. Да се биде капитен на репрезентација значи многу за мене. Тука има доста капитени кои немаат лента. Има многу лидери кои заслужуваат да имаат таква улога како мене. Како што претходно сум играл со Пандев и Ристовски, чест ми е што и јас ќе бидам капитен, изјави Барди на денешната официјална прес – конференција во Скопје.
Новиот македонски капитен посочи дека атмосферата во репрезентацијата е одлична, a играчите се подготвени за предизвикот.
-Ова е нов предизвик за мене. Атмосферата е одлична, доаѓаме по подготовки. Многу играчи се во добра натпреварувачка форма. Секогаш кога доаѓаме да играме за Македонија имаме многу мотив. Секој треба да преземе одговорност и да даде свој максимум, додаде Барди
Comments are closed for this post.