Поранешниот италијански премиер и актуелен сопственик на фудбалскиот второлигаш Монца, Силвио Берлускони, по 24 денови минати во болница поради компликации од коронавирус, е пуштен на домашна рехабилитација.

Берлускони (84) беше хоспитализиран на 6 април.

Поранешниот сопственик на фудбалскиот клуб Милан се зарази со коронавирус во септември минатата година, но откако оздраве здравствената состојбата му се искомпликува што наложи дополнително болничко лекување.

Негов нов тим е Монца која денеска со головите на Балотели ита кон пласман во Серија А.