Најдобриот македонски одбојкар Никола Ѓорѓиев, задоволен после победата над Словенците го издвоил големото срце на тимот како главен фактор за триумфот.
Видовте ли како ги победивме среде Словенија? Во 2014 година двапати им водевме 2-1, а губевме 2-3, сега сè се врати. Имаме срце како планина. Местото ни е меѓу најдобрите 16 во Европа. Немаше слаб играч, играме сите, се бориме до крај, изјави капитенот.
Осминафиналето е на дофат, а утре после мечот Турција – Финска ќе се знае дали македонскиот тим ќе патува во Нант каде се игра нокаут фазата.
Во сите елементи ја надигравме Словенија. Не нè потценија, си ги совладавме чесно. Грев ќе биде ако не одиме понатаму, рече Деспотовски.
Селекторот Никола Матијашевиќ го истакна добриот блок на нашите одбојкари и додаде дека тоа е доказ за борбеноста на тимот. Тој си посака осминафинале во Нант против домашната Франција, земјата во која долги години работи во клупската одбојка.
Comments are closed for this post.