Менаџерот на Арсенал, Микел Артета по пласманот на неговиот тим во четвртфиналето на Лигата на шампионите, откако го победија португалскиот гигант Порто по изведување на пенали, изјави дека целиот тим ја посакувал победата и на крај ја оствариле заедно.
– Јас сум многу среќен! Поминаа 14 години од претходното четвртфинале на Арсенал во Лигата на шампионите, што е долго време за таков клуб. Тоа покажува колку е тешко да се напредува на турнирот. Моравме да вложиме сериозни напори за да го дочекаме овој магичен момент. Почнуваме да создаваме неверојатна енергија на стадионот. Сите заедно ја посакувавме победата и ја остваривме, сподели шпанскиот стручњак по победата.
Тој негираше дека го навредил семејството на Серхио Консеиао за време на натпреварот, како што тврдеше тренерот на Порто.
Comments are closed for this post.