Американскиот новинар Мајк Фримен напиша потресна статија за легендарниот Дражен Петровиќ. Тој се присети на нивното дружење и на трагичниот 7 јуни 1993 година кога дознал за смртта на Дражен во сообраќајна несреќа.
„Тој ден, Пол Силас, еден од помошните тренери на Нетс, ми се јави и плачеше на телефон. „Петро е мртов“, рече тој во телефонот, повторувајќи. Бев во шок. Неколку дена претходно, Петро и јас разговаравме по телефон, набргу откако тој пристигна во Хрватска да го посети семејството. Подоцна се појавија детали за несреќата. Петро бил еден од неколкуте патници во автомобил на автопат во Германија во кој удрил камион. Излетал од возилото и загина на 7 јуни 1993 година, тврди новинарот.
Comments are closed for this post.