Kaрлоз Алкараз вели дека уморот повторно бил причина за лошиот настап на Алкараз и призна дека се чувствува бавен и рече оти има „ментален проблем“ кој го кочи во оваа фаза од кариерата.
– Тенисот што го играм бара многу физички напор, многу ми недостигаше мобилност и брзина, се чувствував бавен.
Шпанецот целосно отворено проговори за состојбата во која се наоѓа во моментов, по поразот кој го потресе.
– Боли кога губиш во првите кола на турнир на кој се надеваш дека ќе стигнеш до финалето. Ова е денот кога не сакам да размислувам за следните денови, за тренинзите. Но мора да продолжи, останува уште еден турнир. Овој пораз боли многу. Остануваат уште многу денови од тренинзите за да го достигнам нивото што го посакувам, но немам храброст сега да зборувам за тоа. По овој пораз морам да се дистанцирам пред да зборувам за иднината и што треба да направам, призна светскиот тенисер број 2.
Comments are closed for this post.