Шпанскиот тенисер Карлос Алкарас ноќеска го победи Норвежанецот Каспер Руд во финалето на УС Опен со резултат со 3:1, по сетови 6:4, 2:6, 7:6 (7:1), 6:3.
Во меч што траеше 3 часа и 23 минути, 19-годишниот Шпанец имаше 14 аса, три двојни грешки и реализираше 3 брејк топки од 11.
На другата страна, 23-годишниот Норвежанец сервира четири аса, две грешки на вториот сервис и реализира три брејк топки од 10 шанси.
Ова е петта титула за Алкараз во 2022 година, шеста АТП титула во кариерата и прва на Грен слем турнирите.
По оваа победа, Шпанецот е прв светски рекет.
Вкупниот награден фонд на Грен слемот во Њујорк изнесуваше 60 милиони долари
Comments are closed for this post.