Капитенот на австриската репрезентација Давид Алаба ги сумираше впечатоците по поразот од Италија во осминафиналето на ЕВРО 2020.
-Не е лесно да се опише со зборови нашето чувство. Можеме да се гордееме со себе, Австрија може да се гордее со нас. Дадовме сè, но на крајот не бевме наградени за нашата добра игра. Навистина е тешко да се прифати овој пораз, изјави Алаба за националната австриска телевизија.
Австријците на синоќешниот меч против фаворитот Италија имаа неколку големи шанси за триумф во основните 90 минути, а имаа и поништен гол поради милиметарски офсајд. Во продолженијата примија два гола, а потоа успеаја само да го ублажат поразот
Comments are closed for this post.