Голема прашина се крена во германската фудбалска јавност по натпреварот од 37. коло на Југозападната регионална лига, во кој се сретнаа лидерот СВ Елверсберг и петнаесеттопласираниот ФСВ Франкфурт.
Во последните 12 минути од натпреварот при резултат 1:1 играчите на двете екипи си додадаваа на средината на теренот. Никој не напаѓаше, бидејќи резултатот им одговараше и на двајцата.
Бодот му донесе на Елверсберг промоција во третиот ранг на натпреварувањето, а на Франкфурт му обезбеди опстанок во лигата. Посебно е интересно што од Франкфурт не кријат дека конечниот исход од натпреварот е договорен.
„Тие не сакаа да напаѓаат, а ние не сакавме да им ја одземеме топката. Јас го разбирам тоа. Другите тимови би го направиле истото доколку тие беа на наше место“, вели спортскиот директор на ФСВ, Томас Брендел.
На 2:55 од видето можете да погледнете како изгледаше овој циркус на теренот:
Comments are closed for this post.