Хозе Луис Чилаверт можеби не е најдобриот но сигурно е еден од најконтроверзните голмани во историјата.Парагваецот кој често знаеше да тргне во напад и да постигне гол имаше бурна кариера. Во 1998 година за малку ќе ја исфрлеше Франција од СП која подоцна стана светски првак.

Имаше проблем и со законот па беше цел и на платени убијци.
Сепак најдраматичниот момент се одигра во 1997 година кога настапуваше за својата репрезентација против Колумбија.

Судијата им покажа црвени картони нему и на Асприља.Но кога поминуваше накај резервната клупа на Колубија му мавна бокс на Асприља и настана општа тепача па мораше полицијата да ги раздвојува.