По поразот во финалето на Австралија опен, Новак Ѓоковиќ се врати во Европа. Најпрво присуствуваше на неколку настани на Зимските Олимписки игри во Италија, а потоа замина во Атина, каде што живее со своето семејство.
Престојот во грчката престолнина не помина незабележано. Ѓоковиќ присуствуваше на евролигашкиот кошаркарски натпревар меѓу Олимпијакос и Црвена ѕвезда, но искористи време и за средба од поинаков карактер. Тој се сретна со грчкиот министер за миграции, Танос Плеврис, а нивната заедничка фотографија брзо се прошири на социјалните мрежи.
„Се чувствувам како Грк, но сè уште треба да научам грчки. Сè уште не сум многу добар во јазикот, не е лесно. Мојот план за оваа сезона е да останам здрав и среќен“, изјавил Ѓоковиќ.







Comments are closed for this post.