Дерби дуелот од 20.коло од Првата фудбалска лига меѓу Струга и Вардар заврши без победник 1:1, а со освоениот бод Вардар остана на првата позиција со 52 бода, додека стружани ја продолжија серијата од четири натпревари без победа (два пораза и два нерешени).
„Црвено-црните“ поведоа во 13.минута со голот на Хрватот Мислав Матиќ (трет гол во првенството), додека на 1:1 изедначи резервистот кај стружани Христијан Матески во 80.минута, откако десет минути претходно го замени Марјан Радески. Ова за него беше деветти гол во првенството, а беше потврден по прегледувањето на ВАР снимката.
На првиот денешен натпревар Работнички со 3:0 го совлада Шкупи, а стрелци на головите беа: Никола Манојлов (37.минута), Матеј Ангелов (77) и Сунајљ Мухарем (80).
Утре се играат два дуела: Тиквеш – Силекс и Арсими – Македонија ЃП со почеток во 14 часот. Оваа рунда ќе биде комплетирана во понеделник со натпреварот меѓу Шкендија и Пелистер што се игра во Тетово со почеток од 14 часот.
Табела: Вардар 52 бод, Шкендија 45, Струга 43, Силекс 35, Брера 26, Башкими 26, Арсими 25, Тиквеш 24, Пелистер 20, Македонија ЃП 19, Работнички 13 и Шкупи 1.







Comments are closed for this post.