Тимот на Партизан влезе во победничка серија, откако од тренерската позиција си замина Жељко Обрадовиќ. „Црно-белите“ синоќа ја совладаа Црвена ѕвезда во 15.коло на Евролигата.

До триумфот Партизан дојде по голем пресврт во последната четвртина која ја доби со 30:16.

Ова е шеста победа на Партизан сезонава во Евролигата, а Црвена ѕвезда го претрпе шестиот пораз. Под водство на новиот тренер Мирко Оцокољиќ ова е втора победа по ред во Евролигата (има една и во АБА-лигата).