Тренерот на Манчестер сити, Хозеп Гвардиола, искажа пофални зборови за неговиот колега од Реал Мадрид, Алваро Арбелоа. Реал синоќа го победи Сити на гостински терен со 2:1 во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите.
– Дадовме сè од себе во овој натпревар. Имаме неверојатен тим, неверојатна група играчи. Сепак, нивниот голман Тибо Куртоа бранеше фантастично, тој беше во најдобра форма и во првиот натпревар. Ми се допаѓа Алваро Арбелоа и неговата работа. Тој ќе има долга тренерска кариера, изјави Гвардиола по мечот.
Реал Мадрид го доби првиот натпревар со 3:0 и се пласираше во четвртфиналето на Лигата на шампионите, каде што ќе се соочи со победникот од натпреварот Аталанта – Баерн (првиот натпревар заврши со 6:1 за германскиот тим).

Арбелоа постави рекорд во тренерската кариера на Реал Мадрид во Лигата на шампионите. Четириесет и тригодишниот фудбалски стручњак стана првиот тренер на „Лос Бланкос“ што ги добил сите четири од нивните први нокаут натпревари во Лигата на шампионите.







Comments are closed for this post.