Милорад Улемек Легија (58), кој издржува максимална казна од 40 години во најстрогиот затвор во Србија, т.н Алкатраз во Забела, наскоро би можел да ја промени адресата. Вишиот суд во Белград ја преиспитува одлуката на секои две години дали Улемек треба да продолжи да ја издржува казната во посебно одделение или дали е можно да биде префрлен во еден од затворите каде што условите за престој се малку поблаги.

Одлуката се преиспитува на секои две години и наскоро, во следните неколку месеци, треба да се донесе нова, односно ќе се знае дали Улемек, кој е првиот жител во „Алкатраз“ што ќе остане во истата ќелија, или евентуално ќе ја промени адресата .

Улемек беше преместен во Алкатраз, кој е „затвор во затвор“ во Забела во близина на Пожаревац, на 11 јули 2010 година. Откако е преместен, тој е сам во ќелија, а неговите соседи се осудени за организиран криминал и тероризам. Според нашите соговорници, тој најчесто го поминува времето читајќи и пишувајќи.

Со преселбата од Алкатраз во „редовен“ затвор, Легија би бил во многу подобра позиција, а би имал и право на љубовна соба, за што пред неколку години започна краток штрајк со глад. – Во „обичен“ затвор, тој би имал право на неколку посети месечно, еднаш на секои два месеци со сопругата или некој друг, би имал право да помине три часа во „љубовната соба“, би можел да работи во работилницата и нема да биде сам во својата ќелија.