Телото на поранешниот претседател на Србија почива под липа во дворот на семејната куќа во Пожаревац, но неговиот мозок останa во Хаг.

Голем број луѓе кои работеле за Меѓународниот кривичен трибунал за воени злосторства во поранешна Југославија во времето на смртта на Милошевиќ, за Би-Би-Си потврдиле дека телото било предадено на семејството, но мозокот бил чуван во Холандскиот форензички институт во Хаг.

Телото на Милошевиќ било подложено на обдукција како дел од истрагата што ја спровел Трибуналот паралелно со холандските власти.

„Се сеќавам дека во март 2006 година, телото на Милошевиќ беше вратено во Србија без мозокот“, рече Кристијан Шартие, епортпарол на Трибуналот.

„Не знам што се случи потоа – дали мозокот му беше вратен на семејството цел или во делови, дали остана во Институтот или беше уништен“, додаде тогашниот портпрол.